fbpx

ГДОМ на протестот побара привремено сопирање на работата на граѓанските организации

-

Адријана Јаневска ја испеа химната на Македонија на почетокот на протестот на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), кој вечерва се одржа пред Собранието на Република Македонија.

Аналитичарот Александар Пандов истакна дека тие ќе поднесат барање до Уставниот суд за привремено да се сопре работата на граѓанските организации, фондации, невладини организации и партии „кои ја уриваат Македонија“.

Актерот Тони Михајловски ги поздрави граѓаните, порачувајќи дека се собрани 70.000 луѓе и оти се спремни и животите да ги положат за Македонија.

– Македонија не е само букви, таа е крв. Само да го отвори прозорецот на Бихачка ќе чуе, уууу. Еднаш да тропнеме, ќе му се истури кафето. Но, ние не сме собрани тука со фантомки, тука сме за на мирен начин да го решиме проблемот – рече Михајловски, додавајќи дека еднаш им го зеле сонцето, но ова нема да го дадат.

На крајот на протестот, кој заврши со Сузана Спасовска и со песната „Земјо македонска“, од ГДОМ порачаа дека изборите мора да се одржат на 5 јуни „за крај на хулиганство и на деструкцијата“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...