среда, 14 октомври, 2026
Meta.mk

Ознака: невладини | 13 резултати

Спасовски: Сите истраги против граѓанските организации официјално се затворени

март 1, 2018

Сите истраги против граѓанските организации и фондации што почнаа во 2016 година, а се одвиваа и во голем дел од 2017 година се официјално затворени, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на денешната средба со претставници на дваесетината организации. На средбата на која присуствуваа и директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски, директорот […]

Невладините бараат од Владата информации за администрацијата и поголема отвореност

октомври 27, 2017

Граѓанскиот сектор бара дополнителна ефикасност и транспарентност во поглед на регистарот на вработени во јавните институции, соопшти владината служба за информирање. Од граѓанските организации, на денешната средба со работни групи од министерствата, било побарано да се подобри ефикасноста на примената на Законот за пристап до информации од јавен карактер и да се обезбеди поголема транспарентност на податоците […]

Османи: Предизвикот е да направиме систем за координирање и за надзор на планот „3-6-9“

јули 21, 2017

„Подготовката на планот „3-6-9“ беше полесната работа. Планот доби широка поддршка како надвор, од нашите меѓународни партнери, така и дома, кај домашната јавност. Но, сега ни е потребна имплементација на 73 мерки за три месеци, во услови на ограниченост од прогласувањето локални избори и од летните одмори. Сега предизвикот е да направиме систем за надзор, координирање и за […]

Граѓанските организации бараат консултативен совет за реформите

јули 19, 2017

Надградена верзија на предлогот на граѓанските организации за итни демократски реформи за следните 6, 9 и 12 месеци, денеска беше презентирана на прес-конференција во име на 73 граѓански организации и експерти. Предлозите за реформи се изработени од страна на 146 учесници на Форумот на граѓански организации на 4 и 5 јули годинава, а се надоврзуваат […]

Владата ќе им помогне на овоштарите и ќе ги стопира парите за невладините

јуни 23, 2017

Владата на вчерашната осма седница донела две одлуки, за помош на производителите на праски кои протестираа против ниските цени на откупот, како и за укинување на одлуката на претходниот состав на владата за доделување пари на невладините организации. „Владата на Република Македонија донесе одлука за дополнителна финансиска поддршка на земјоделците – прозводители на праски со слаб квалитет. […]

Могерини ги седна заедно Груевски, Заев, Ахмети, Касами и Села

март 2, 2017

Првпат по Договорот од Пржино во јули 2016 година, политичките лидери седнаа во иста просторија.­ Високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, денеска во Собранието имаше средба на која, со соработниците, присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, лидерот на ДПА, Мендух […]

„Од безбедносни причини“ Делегацијата на ЕУ ја откажа средбата со невладините огранизации

мај 25, 2016

Делегацијата на Европската Унија во Македонија од безбедносни причини ја откажа средбата со невладините организации која беше закажана за денеска во 10 часот. Дел од невладините организации прифатија да учествуваат на консултациите со амбасадорите, а дел го откажаа своето присуство. – Делегацијата на ЕУ и понатаму останува отворена за соработка со невладиниот сектор  – кусо […]

ГДОМ на протестот побара привремено сопирање на работата на граѓанските организации

април 21, 2016

Адријана Јаневска ја испеа химната на Македонија на почетокот на протестот на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), кој вечерва се одржа пред Собранието на Република Македонија. Аналитичарот Александар Пандов истакна дека тие ќе поднесат барање до Уставниот суд за привремено да се сопре работата на граѓанските организации, фондации, невладини организации и партии „кои […]

СДСМ сè уште нема донесено одлука дали ќе оди во Виена

април 19, 2016

СДСМ сè уште нема донесено одлука дали нивна делегација ќе присуствува на најавената лидерска средба в петок во Виена, закажана на иницијатива на тројцата европратеници, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан. На прашањето на „Мета“ дали во паријата донеле одлука и дали ќе присуствуваат на лидерската средба во Виена, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, […]

Страна 1 од 1