Петнаесет лица се уапсени за време на вчерашната акцијата на португалската полиција насочена против корупцијата, перењето на пари и трговијата со дрога.
Како што јавуваат португалските медиуми, повикувајќи се на извори од полицијата, меѓу уапсените се и двајца полициски началници. Едниот е главен инспектор, додека другиот е пензиониран службеник во судската полиција.
Уапсените, кои се на возраст меѓу 39 и 61 година, се осомничени за активна и пасивна корупција, перење на пари и за трговија со дрога.