fbpx

Министерот за правда е против измена на Законот за помилување

-

Актуелниот Закон за помилување е добар и нема потреба од негово менување, смета министерот за правда, Аднан Јашари. Ова е прв коментар на министерот за правда на иницијативата до Уставниот суд со која се отвора можноста претседателот на државата да може да помилува лица осудени за изборни измами, педофилија и за дела против човештвото.

– Јас сум на истиот став како и во 2009 година кога го гласав Законот во Собранието како пратеник и понатаму сметам дека тој закон е добар и се надевам дека нема да биде изменет – изјави Јашари за „24 Вести“.

Иницијативата за амнестирање на лица инволвирани во изборни нерегуларности е на младиот охридски адвокат Ристо Китески, кој работи во адвокатска канцеларија на бранител на осомничени лица во случајот „Титаник“.

Уставниот суд прифати да ја разгледа иницијативата за промена на Законот за помилување. Петмина уставни судии гласаа „за“, а четворица беа против одлуката за разгледување на иницијативата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...