fbpx

Поради дојава за бомба, евакуирани 2.000 луѓе од пазар во Москва

-

Околу 2.000 луѓе биле евакуирани од пазар во центарот на Москва по анонимна дојава за подметната бомба, соопштила полицијата, а пренесува ТАСС.

Потврдено е дека сомнителен пакет бил пронајден на пазар, но повеќе детали не се познати.

Пазарот Рижски, од каде што граѓаните биле евакуирани, е еден од најпрометните во главниот град на Русија за купување цвеќе.

Утринава имало многу повеќе луѓе отколку вообичаено поради Интернационалниот ден на жените, кој во Москва многу се почитува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...