недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: цвеќе | 26 резултати

Градоначалничката Арсовска положи цвеќе во чест на загинатите во земјотресот

јули 26, 2022

Делегација на Град Скопје, предводена од градоначалничката Данела Арсовска, како и делегација од советот, денеска положија цвеќе во чест на загинатите пред споменикот од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Во земјотресот што се што се случи пред 59 години, животот го загубија 1.070 наши сограѓани, а 3.000 беа повредени. „Со положување цвеќиња почит на жртвите во […]

Владина делегација положи свежо цвеќе на споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје

јули 26, 2022

Денешниот ден кога одбележуваме 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, е датум кој е врежан во меморијата на градот на солидарноста, порача премиерот Димитар Ковачевски по повод одбележување на годишнината од скопскиот земјотрес што се случи во 1963 година. Свежо цвеќе денеска на споменикот на жртвите од земјотресот, положија и вицепремиерот Бојан Маричиќ, министерот […]

Илинден – Денот на Републиката се одбележа со церемонии во Скопје, Пелинце, Смилево и Крушево

август 2, 2021

Почнувајќи од Скопје, преку Пелинце и Смилево, до Крушево – центарот на Илинденското востание, денеска во земјава се одбележуваа двата јубилеја – 118 години од Крушевската република (1903 година ) и 77 години од Првото заседание на АСНОМ (1944 година) – како двата клучни настани за воспоставувањето на македонската државност.   Џафери говореше пред Собранието […]

Амбасадорката на САД и Заев оддадоа почест пред споменикот на американските пилоти во Вратница

мај 9, 2021

По повод 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, премиерот Зоран Заев , заедно со амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери Брнз, и претставници на Сојузот на борци се поклони пред споменикот подигнат во чест на петтемина американски пилоти во тетовското село Вратница. Двајца од пилотите ги загубиле животите кога […]

Положено цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел по повод Денот на победата над фашизмот

мај 9, 2021

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерката за образование и наука, Мила Царовска, по повод 9 Мај – Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа, положија свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел. […]

Во Прилеп одбележана 118 годишнината од раѓањето на Методија Андонов – Ченто

август 17, 2020

По повод 118 годишнината од раѓањето на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто, денеска во паркот што го носи неговото име, во центарот на неговиот роден град Прилеп, делегации од Општина Прилеп и Советот на општината положија свежи цвеќиња пред споменикот, оддавајќи му почит на херојот. Методија Андонов – Ченто е […]

Иванов: Поради идентитетот ни се оспорува правото на просперитет

август 2, 2017

Претседателот Ѓорге Иванов денеска по повод државниот празник Илинден, положи венци со свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев. Иванов пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, порача дека „поради нашиот македонски идентитет, ни се оспорува правото на просперитет.“ – За да создаваме услови за просперитет во нашиот глобализиран […]

Заев и Борисов се поклонија на гробот на Гоце Делчев

август 2, 2017

Премиерот Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов положија свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, по повод 114-годишнината од Илинденското востание и по повод 73-годишнината од првото заседание на АСНОМ. Премиерот Заев рече дека е потребно да се помират минатото и сегашноста заради иднината на Македонија. –  Историјата и […]

Делегации на партии и на институции положија цвеќе на гробот на Борис Трајковски

февруари 26, 2017

Делегација на СДСМ, во состав Диме Велковски, Цветанка Ласкова и Дарко Давитковски, положи цвеќе и оддаде почит на поранешниот претседател Борис Трајковски, на 13-годишнината од неговата смрт. – СДСМ, како и сите граѓани на Македонија, со достојна почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Трајковски кон Македонија, кој посветено работеше на соработка и на […]

Делегација на СДСМ оддаде почит на претседателот Киро Глигоров

јануари 1, 2017

Делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на независна и суверена Република Македонија, Киро Глигоров, денеска, на петгодишнината од неговата смрт. – СДСМ, како и сите граѓани на Македонија, со достојна почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров, кој градеше мостови на соработка во нашата држава и во светот, […]

Делегации положија цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот

јули 26, 2016

Денеска, на Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции положија цвеќиња пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што се случи во 1963 година. Цвеќиња во спомен на жртвите во катастрофалниот земјотрес положија делегација на Градот Скопје, делегација на Владата на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија, делегација на Советот […]

Поради дојава за бомба, евакуирани 2.000 луѓе од пазар во Москва

март 8, 2016

Околу 2.000 луѓе биле евакуирани од пазар во центарот на Москва по анонимна дојава за подметната бомба, соопштила полицијата, а пренесува ТАСС. Потврдено е дека сомнителен пакет бил пронајден на пазар, но повеќе детали не се познати. Пазарот Рижски, од каде што граѓаните биле евакуирани, е еден од најпрометните во главниот град на Русија за […]

Владина и градска делегација положија цвеќе на гробот на Борис Трајковски

февруари 26, 2016

Делегација предводена од секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски, и од членот на Советот на Град Скопје, Бранислав Саркањац, денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, и на гробовите на дел од загинатите во авионската несреќа, погребани во Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел. На гробот на претседателот […]

Делегација на Град Скопје положи цвеќиња на гробот на Гоце Делчев

февруари 4, 2016

Делегација на Градот Скопје, предводена од секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски, положи цвеќиња на гробот на Гоце Делчев, во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Во црквата „Свети Спас“ беше одржана панихида на Македонската православна црква по повод 144-годишнината од раѓањето на еден од најголемите македонски херои и идеолог на македонската револуционерна борба.

Делегација на СДСМ положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров

јануари 1, 2016

По повод четиригодишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Република Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, предводена од потпретседателот Дамјан Манчевски, денеска положи цвеќе на неговото вечното почивалиште. – СДСМ и сите граѓани на Македонија, со пиетет се сеќаваат на достигнувањата што претседателот Киро Глигоров ги оствари за државата – се вели во […]

Повеќе делегации положија цвеќе пред споменикот на НОБ

ноември 13, 2015

Пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје, пред платото на Владата на Република Македонија, повеќе делегации положија цвеќе во чест на Денот на ослободување на Скопје, 13 Ноември. Цвеќе положи и делегација од Град Скопје, составена од градоначалникот Коце Трајановски и од претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева. Во името на борците-ослободители на […]

Денеска се одбележува Денот на македонската револуционерна борба

октомври 23, 2015

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, владина делегација, предводена од вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, и делегација од Градот Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски, ќе положат цвеќе пред споменикот на основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација во паркот Жена-борец, спроти Собранието на Република Македонија. Одборот за доделување на […]

Прилеп: Делегации положија цвеќе на Могилата на непобедените

октомври 11, 2015

По повод 74-годишнината од почетокот на народното востание, изутрината делегации на Собранието на Република Македонија, АРМ, Владата, Сојузот на борците, локалната самоуправа, политички партии, на здруженија и граѓани ги посетија Паркот на револуцијата, Могилата на непобедените, Алејата на народните херои, Споменикот на жената-борец, положија цвеќиња и се поклонија пред моштите на жртвите што ги дал […]

Делегација од Град Скопје положи цвеќе на гробот на претседателот Трајковски

февруари 26, 2015

Делегација на Градот Скопје, предводена од градоначланикот на Град Скопје, Коце Трајановски и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, положија цвеќе на гробот на поранешниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски и на гробовите на дел од лицата кои загинаа во авионската несреќа. Денеска се обележува 11 годишнината од трагичната смрт на на […]

Собраниска делегација положи цвеќе

ноември 13, 2014

По повод одбележувањето на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Скопје, собраниска делегација положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Алеата на заслужните граѓани на градските гробишта Бутел и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата на Република Македонија.

Страна 1 од 2