По повод 118 годишнината од раѓањето на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто, денеска во паркот што го носи неговото име, во центарот на неговиот роден град Прилеп, делегации од Општина Прилеп и Советот на општината положија свежи цвеќиња пред споменикот, оддавајќи му почит на херојот.
Методија Андонов – Ченто е роден на 17 август 1902 година. Зачетоците на неговата политичка активност датираат уште пред почетокот на Втората светска војна.
За време на револуцијата во 1942 година, бил интерниран во логорот „Чучулигово“, во близина на Петрич, а по ослободување од интернација бил повикан од Главниот штаб на НОБ и ПОМ да се приклучи во Народно- ослободителната војна. По основањето на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, на Првото Собрание на 2 Август 1944 година, тој бил избран за негов Претседател.
Методија Андонов – Ченто починал на 24 јули 1957 година.