fbpx

ЕУ и Турција се договорија, бегалците останаа

-

На  самитот ЕУ – Турција во Брисел, челниците на Европската Унија ги утврдија начелата од заедничкиот договор за управување со мигрантската криза и го задолжија претседателот на Европскиот совет, Доланд Туск, следните десет дена да преговара за деталите со Турција за да се дефинира поконкретен договор.

Ова се точките за кои по повеќе од 15 часа разговори се договорија Брисел и Анкара:

– Турција да ги прифати назад сите нелегални мигранти од Грција и од грчките острови, кои би биле транспортирани на сметка на ЕУ;

– Забрзување на процесот за либерализација на визниот режим за Турција;

– Забрзување на процесот на исплаќање финансиска помош од 3 милијарди евра за Турција и дополнителни 3 милијарди евра;

– Забрзување на финансирањето на процесот за релокација на сириските бегалци;

– Отворање нови поглавја во пристапните преговори за Турција;

– Турска помош за подобрување на ситуацијата во Сирија.

Во заедничката изјава на челниците на ЕУ се вели дека претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, врз основа на договорените принципи ќе работи на деталите со турската страна до следниот самит на ЕУ, кој ќе се одржи на 17 и на 18 март.

Во изјавата, исто така, се вели дека ЕУ ќе ѝ помогне на Грција да се справи со големиот прилив на бегалци и ќе обезбеди „ефикасен одговор на многу тешката хуманитарна ситуација на теренот“, како и дека на Грција треба да ѝ се обезбеди помош во управувањето со надворешните граници, вклучително и со границата со Македонија, каде за премин чекаат околу 13.000 мигранти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...