fbpx

Пломп: Договорот од Пржино треба да се исполни суштински, а не само формално

-

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп изјави дека Договорот од Пржино треба да се спроведе и да се исполни целосно, а не само формално.

„Сите аспекти на Договорот од Пржино треба да се испрочитуваат и да се спроведат, а одржувањето на слободни, фер и инклузивни избори е еден од нив. Суштината на овој политички договор или кој било договор не е во формалното исполнување, туку во вистинската посветеност и целосното спроведување на договорените реформи“, стои во писмената изјава на Пломп, дадена по назначувањето на техничката влада што ќе ги спроведува предвремените избори и одлуката на СДСМ да ги бојкотира, доколку се одржат на 24 април.

Амбасадорот ги повика политичките лидери да најдат решение за отворените прашања од договорот.

– Сите вклучени страни треба, без понатамошно одложување, да работат заедно за да ги решат останатите прашања за да овозможат спроведување на веродостојни избори, со почитување на сите други делови од договорот кој нуди долгорочно решение за политичката криза во Република Македонија – вели Пломп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...