fbpx

Заев: Преговорите пропаднаа, не е постигнат договор

-

Пропаднаа преговорите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино откако вечерва лидерите не постигнаа договор за спорните прашања на лидерската средба заедно со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Работната група на СДСМ, предводена од лидерот Зоран Заев, ги напушти преговорите со образложение дека тие нема да учествуваат на избори доколку се одржат на 24 април.

– Не е постигнат договор. Ако има избори на 24 април, СДСМ нема да учествува. За СДСМ се неприфатливи избори без релегуалција на медиумите и без прочистување на избирачкиот список – изјави Заев.

На лидерската средба, која траеше повеќе од осум часа, присутни беа и амбасадарот на САД, Џес Бејли, евроамбасадорот Аиво Орав и белгискиот олеснувач Питер Ванхауте.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...