fbpx

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ работат за арач-политиките на Груевски

-

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ работат за арач-политиките на нивниот шеф Никола Груевски, а не за интересите на граѓаните. Нови давачки, нови казни за нивно неплаќање и нови извршители на врата ги чекаат граѓаните кои не користат парно греење, а добиваат сметки“, обвинуваат од СДСМ.

„Овие граѓани понатаму ќе имаат обврска да плаќаат за парното што не го користат, поради пратениците на Груевски во Собранието. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го одбија предлогот на опозицијата граѓаните што се исклучени од системот на парно греење да не плаќаат сметки. Со тоа ги оставаат рацете на Груевски и на Ставрески да ги празнат до последен денар џебовите на граѓаните. Поради Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, на Македонија ѝ се случува незапаметена сиромаштија“, пишува во соопштението на СДСМ.

Како што велат од партијата, опозицијата во предизборната програма предвидува укинување на сметките за парно за граѓаните што се исклучени од системот на парно греење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...