Олимписките комитети на земјите од регионот разговарале за можните соработки

На тркалезна маса во Тирана, на иницијатива на Албанскиот олимписки комитет, претставници на олимписки комитети на Косово, Црна Гора, Македонија и на Албанија, разговарале за исполнувањето на филозофијата на олимпизмот, врз основа на вредностите на пријателство и на соработка во рамките на ориентации и задачи на „Олимпик агендата 2020“.

На средбата било разговарано за можностите за соработка во разни области, со особено внимание на зголемување на вклученоста на младите во спортот, развој на лидерство во спортот, обука на спортски работници, проширување на заеднички спортски активности за унапредување на олимписките вредности и слично.

Учесниците се договориле следната средба да се оджи во Подгорица, каде што иницијативата за соработка ќе биде формализирана со потпишување меморандум за соработка, извести електронскиот весник на македонски јазик „Илинден“.