петок, 8 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Топлификација | 21 резултати

Почна поставувањето на цевките на топловодот од РЕК Битола, ќе се обезбеди парно за Битола, Новаци и Могила

април 29, 2022

Започна поставувањето на цевките од топловодот од РЕК Битола до Битола. Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека со засилен интензитет се подготвува трасата низ која ќе поминува топловодот, кој ќе обезбеди парно греење за трите општини во близина на РЕК Битола – Битола, Новаци и Могила. „Првите цевки се поставени на излезот од […]

„Адора“ со понуда од 9,3 милиони евра за скопска „Топлификација“

септември 23, 2021

„Адора инженеринг“ соопшти дека на јавна лицитација понудила 9,3 милиони евра за да ги купи скопските топлани Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Компанијата на Ванчо Чифлиганец со тоа сака да преземе голем дел од инфраструктурата за парно греење во Скопје и производството на топлинска […]

Јавното обвинителство отфрли четири кривични пријави против ТЕ-ТО

септември 29, 2020

Основното јавно обвинителство Скопје донело решение со кое се отфрла кривичната пријава поднесена од Топлификација АД Скопје против четири физички лица, претседател на Управен одбор, нотар, извршител и адвокат. Пријавите против нив биле за злоупотреба на службена положба и овластување и за оштетување или повластување доверители. ОЈО Скопје одлучи да ги отфрли и кривичната пријава […]

„ТЕ-ТО“: Сите активности на компанијата се одвиваат согласно законите

јуни 20, 2018

Компанијата „ТЕ-ТО“ АД Скопје ја поздравува одлуката на надлежниот Суд за одобрување на планот за реорганизација со цел финасиска консолидација на компанијата и овозможување истата да продолжи редовно да работи што е во интерес на државата, вработените, акционерите и корисниците на нејзините услуги, се вели во реакцијата на компанијата на обвинувањата од страна на директорот на „Топлификација“ […]

Хаџи-Мишев: „TЕ-ТО“ отвори лажен стечај за да не го плати долгот кон „Топлификација“

јуни 20, 2018

„Топлификација“ АД Скопје ја обвини компанијата за комбинирано производство на топлинска енергија „ТЕ-ТО“ дека покренала стечај сама на себе, за да не го плати долгот кон Топлификација и тоа во период, кога по тригодишен период на лоши финансиски резултати, лани остварува добивка од 8 милиони евра. – Причина за овој судски процес во кој фирмата […]

Отворена предстечајна постапка за „Топлификација“

мај 15, 2018

Основен суд Скопје 2 донесе одлука за претходна постапка за утврдување на условите за отворање стечај за „Топлификација АД Скопје“. За привремен стечаен управник е назначен Ацо Дамчевски кој е задолжен од судот да го заштити имотот на „Топлфикација“ до донесувањето на одлуката за отпочнувањето на стечајната постапка, за да се избегне значително намалување на […]

Владата уверува дека следната година исклучените нема да плаќаат паушал за парно

декември 22, 2017

Владата на Република Македонија денеска порача дека домаќинствата кои се исклучени од централното греење во град Скопје, во наредната година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот кој во моментов го плаќаат. „Проблемот со кој се соочуваат граѓаните, владата предвиде да го реши во рамките на новиот предлог Закон за енергетика. Имено во подзаконските акти […]

Анѓушев уште еднаш ги повика ЕЛЕМ да го сопрат објавувањето јавни повици

јуни 19, 2017

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, уште еднаш го повика раководството на АД ЕЛЕМ, веднаш да го запре објавувањето на јавните повици со проценета вредност од 80 милиони евра, за да се избегне штета на државниот и на буџетот на компанијата. „Наспроти укажувањето од Владата, раководството на ЕЛЕМ, најпрвин во петокот, на 15 јуни, објави јавен повик […]

Анѓушев бара да се стопираат тендерите што ги најави ЕЛЕМ, за нив ќе решава новата влада

јуни 15, 2017

Откако директорот на државната компанија „Електрани на Македонија„ (ЕЛЕМ), Христијан Мицкоски, денеска објави дека компанијата ќе објави тендери за набавка на рударска опрема за РЕК Битола и за топлификација за Битола, Новаци, Логоварди и за Могила, во вкупна вредност од 80 милиони евра, реагираа и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и СДСМ. Анѓушев побара […]

ТЕ–ТО го доби спорот со „Топлификација“

јуни 13, 2017

Апелацискиот суд во Скопје донесе пресуда со која го одби тужбеното барање на „Топлификација“ АД за присилна наплата на побарувања врз основа на заеми, што „Топлификација“ АД ги дала на ТЕ-ТО АД, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Македонската берза за хартии од вредност. За овој предмет првостепениот суд еднаш донесе пресуда во корист […]

Повеќе од 30.000 тужби од БЕГ за исклучените граѓани

октомври 6, 2016

Се проценува дека повеќе од 4.000 граѓани се соочуваат со извршни судски решенија бидејќи, иако не користат парно греење, треба да плаќаат за цевките што минуваат низ нивните станови, пренесува БИРН. Точниот број на исклучени корисници не е познат затоа што ниту од стара „Топлификација“, ниту од сегашниот снабдувач со топлинска енергија, „Балкан енерџи груп“ (БЕГ), […]

Од утре радијаторите ќе бидат топли

октомври 4, 2016

За потрошувачите кои се во системот на снабдување на „ Балкан енерџи“ во Скопје, од утре почнува новата грејна сезона. Испораката на топлинска енергија до потрошувачите почнува порано од вообичаено поради падот на температурата. „Согласно регулативите, снабдувањето со толинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура […]

Парите од БЕГ одат на приватни сметки на ВМРО-ДПМНЕ во Кипар, обвини Левица

октомври 3, 2016

Компанијата БЕГ е основана за да се испумпаат парите на граѓаните и да одат на приватни сметки на лицата од ВМРО-ДПМНЕ во Кипар, обвини денеска Владимир Куновски од политичката партија Левица. Тој рече дека незаконските дејства на ВМРО-ДПМНЕ со БЕГ почнале уште во 2011 година. „Сè почнува на 9 ноември 2011 година, на состанокот помеѓу […]

Утре напладне протест на граѓаните исклучени од „Топлификација“

март 18, 2016

Утре, во 12 часот, пред Порта „Македонија“ ќе се одржи 53. протест на граѓаните исклучени од „Топлификација“. На протестот ќе се зборува за проблемите што исклучените од „Топлификација“ ги имаат при судењата во Основниот суд. – Секој исклучен од „Топлификација“ досега е тужен седум пати. Основниот суд, речиси по правило, ги одбива барањата за спојување на постапките на […]

Битола ќе се гасифицира, обезбедни се 39 милиони евра кредит

декември 29, 2015

Обезбедени се 39 милиони евра кредит, од вкупно 46,5 милиони евра, кои се потребни за изградба на системот за топлификација за Битола, Новаци и за Могила. Другите 7,5 милиони евра ќе ги обезбеди ЕЛЕМ. Со овој проект е предвидено да се употреби отпадната неискористена топлинска енергија од РЕК „Битола“, преку изградба на систем за топлинска […]

Екологистите се заканија: Или топлификација во Битола или бојкот на политичките митинзи

декември 24, 2015

Околу 5.000 поддржувачи се потпишале за платформата „Петка за Битола“, против загадувањето на воздухот, што ја иницира здружението „За нас се работи“. Од здружението велат дека оваа бројка потпишани граѓани на петицијата е израз на загриженоста, револтот и на стравот на граѓаните од енормното загадување на воздухот во Битола и од последиците по нивното здравје […]

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ работат за арач-политиките на Груевски

декември 18, 2015

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ работат за арач-политиките на нивниот шеф Никола Груевски, а не за интересите на граѓаните. Нови давачки, нови казни за нивно неплаќање и нови извршители на врата ги чекаат граѓаните кои не користат парно греење, а добиваат сметки“, обвинуваат од СДСМ. „Овие граѓани понатаму ќе имаат обврска да плаќаат за парното што не […]

Страна 1 од 1