fbpx

Лидерот на лабуристите против вклучувањето на Британија во војната против ИД во Сирија

-

Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, испратил писмо до членовите на парламентот од неговата партија во кое вели дека не го поддржува планот за вклучување на Велика Британија во воздушните напади против Исламска држава (ИД) во Сирија, јавува „Би-Би-Си“.

Корбин во писмото ги отфрлил тврдењата на британскиот премиер Дејвид Камерон дека бомбардирањето на цели на ИД ќе ја направи Британија побезбедна земја.

Овој негов потег, како што пренесува британскиот национален сервис, предизвикал незадоволство во редовите на лабурстите, а член на високото раководство на партијата изјавил дека е можно да биде побарана оставка од Корбин доколку тој им нареди да го поддржат неговиот став.

Меѓу лабурстите владее голема поделеност околу прашањето дали да ја поддржат иницијативата на премиерот Камерон за вклучување на Велика Британија во нападите врз ИД во Сирија. Половина од нив се за поддршка на интервенцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поплави во Бразил без преседан – 78 загинати и 115.000 раселени

Поплави траат веќе една недела во Рио Гранде ду Сул, најјужната држава во Федеративната Република Бразил, пренесува Ал Џазира. Забележани се најмалку 78 загинати, 105 лица се водат како...