Во рамки на посетата на Кина, премиерот Никола Груевски оставрил повеќе средби со сопственици на компании, а го посетил и седиштето на глобалната компанија за информатичка комуникациска технологија „Хуавеи“.
Владината делегација, која ја сочинуваат и вицепремиерот Владимир Пешевски и заменик-министерот за економија Христијан Делев, остварила средба со раководството на компанија и со генералните менаџери, Џим Лу и Џорџ Жанг.
Груевски ги запознал претставниците на компанијата со условите за водење бизнис во Македонија.
Компанијата „Хуавеи“ има своја канцеларија за врски во Скопје, а со раководството било разговарано за разгледување на можностите за понатамошна продлабочена соработка и за можностите за проширување на македонскиот пазар.
Компанијата „Хуавеи“ е водечки бренд нa телекомуникацискиот пазар, која се рангира меѓу 500 најголеми компании на „Глобал форчн“ (Global Fortune).