fbpx

МВР вчера издало потврди на 1.661 странски државјанин

-

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатите 24 часа издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 1.661 странски државјанин од кои државјани на Сирија се 842, на Авганистан се 582 и на Ирак се 237.

Од 19 јуни до вчера издадени се вкупно 281.575 потврди на странски државјани.

Во изминатото деноноќие до секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до вчера, до секторот за азил поднесени се 80 барања за признавање право на азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...