fbpx

Незири: Условената препорака, позитивен сигнал за Македонија

-

Условената препорака на Европската комисија за Македонија е позитивен сигнал за нашата држава, смета министерот за економија, Беким Незири, и додава дека „наша должност е да ги имплементираме другите задачи што произлегуваат од препораката на Европската унија, за што побргу да станеме нејзина членка“.

Дали ДУИ ќе има конкретни предлози и сугестии околу исполнувањето на Рамковниот договор, кој беше споменат во рамките на Договорот од Пржино, министерот не сакаше да каже. Јавноста за овие прашања ќе дознае од министерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими.

За Незири, најважно е што сме добиле препорака, а политичките партии постигнале договор за најважните прашања.

– Со тој политички договор веќе ја избегнавме политичката, но и финансиската криза, која можеше да ѝ се случи на Македонија. Сето ова дава надеж дека позитивните трендови во земјава во економскиот дел ќе продолжат и граѓаните во Македонија ќе живеат нормално и нема да бидат под стрес – изјави министерот Незири.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, заедно со министерот за економија, Беким Незири, денеска во Теарце оствари средби со градоначалниците од Северозападна Македонија, членови на ДУИ. На средбата се разговараше за инвестициите во нивните општини и за средствата што Владата ги одобрува за нивен развој.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...