fbpx

Турција ќе одговори на заканите од Сирија

-

Официјална Анкара ќе одговори и од воздух и од вода на сите закани што доаѓаат од Сирија, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу во интервју за државната телевизија ТРТ.

Давутоглу, кој не ги посочи потенцијалните закани, рече дека за состојбата во Сирија разговарал и со претседателот на САД, Барак Обама, додавајќи дека меѓународната заедница мора да најде нова стартегија за сузбивање на Исламска држава (ИД).

Давутоглу рече дека турските безбедносни сили ќе продолжат со операциите за целосното елиминирање на екстремистичките елементи од земјата.

– Нема никаква разлика меѓу борбата против ИД и борбата против ПКК. Ние никогаш не сме покажувале толерантност кон ниту една терористичка организација. И во случајот на Сирија, проблемот не е само ИД. Дури и да се уништи ИД, ако не се реши кризата, би можела да се појави некоја друга група – рече Давутоглу.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...