fbpx
Таг: министер за економија

таг: министер за економија

Надлежните ветуваат дека пред да се потпише договор за Попова Шапка, истиот ќе биде прво споделен со граѓаните

Засега не се знае каква ќе биде судбината на зимско-рекреативниот центар Попова Шапка, дали компанијата што управува со центарот (ЕЛЕМ Турс) ќе инвестира, дали ќе оди со јавно - приватно партнерство или ќе се продава. Ова ќе се дефинира дури откако ЕЛЕМ Турс ќе се одвои од ЕСМ, постапка која е започната пред повеќе од година и пол и...

Граѓаните на бесплатен број може да ги пријавуваат трговците што драстично ги зголемуваат цените

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните на бесплатниот телефонски број 191 да ги пријавуваат трговците што драстично ги зголемуваат цените на на основните прехранбени производи. Бројот е на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). „На оваа бесплатна телефонска линија сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците кои што не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи“,...

Бектеши: Струјата нема да поскапи до крајот на годината, нема потреба од прогласување кризна состојба

Министерот за економија Крешник Бектеши по состанокот на Комисијата за електроенергетска кризна состојба изјави дека земјава до крајот на годината ќе има доволно количина на електрична енергија, а нема да има и поскапување на струјата. „Сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот на годината нема да има покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Денеска имав состанок...

Министерот за економија Крешник Бектеши е позитивен на корона вирус

Министерот за економија, Крешник Бектеши преку објава на Фејсбук информираше дека е позитивен на корона вирус откако се тестирал вчера изутрината. „Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од корона вирус, добив информација дека сум позитивен на тестот за ковид-19 направен утрово. За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам...

Бектеши учествува на инвестициски форум во Прага

За Владата на Македонија, изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградбата на дистрибутивните системи за природен гас е еден од приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, на инвестицискиот форум „Кина – Централна и Источна Европа“, кој се одржува во Прага. Тој додаде дека во согласност...

Кучи тврди дека сме подготвени да ја надминеме нафтената криза, но не кажа како

Како влада, ги преземаме сите мерки да не се случи нафтена криза во Македонија, изјави министерот за економија, Дритон Кучи, по неколкудневните протести на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони, каде се блокирани голем број македонски камиони и цистерни, кои од Грција превезуваат нафта и други горива. Министерот Кучи рече дека кружат информации дека протестите и блокадите во Грција ќе...

Наумов бара привремено буџетско финансирање за следната година

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, остварил средба со министерот за финансии, Кирил Миновски, при што разговарале за актуелни теми како задолжувањето со нова еврообврзница, исплатата на отштети за поплавените, како и за носењето на буџетот за 2017 година. Наумов смета дека во вакви политички околности потребно е да се оди на „привремено буџетско финансирање“, а не да се предлага...

Завршната сметка за буџетот за 2015 година пред Комисијата за финансирање и буџет

Министерот за финансии, Кирил Миноски, денеска ја образложи завршната сметка на буџетот за 2015 година, пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Вкупните приходи на буџетот биле 161 милијарда денари, расходите 180 милијарди денари, а дефицитот изнесувал 19 милијарди денари. Со завршната сметка за 2015 година, државниот долг изнесувал 38 проценти од домашниот бруто-производ (БДП). Во првите четири месеци од...

Лагард останува на чело на ММФ уште еден мандат

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, останува на оваа функција уште пет години, пишува „Би-Би-Си“. Лагард, чијшто мандат истекува во јули, е единствениот кандидат за оваа позиција. Кристин Лагард е поранешна министерка за економија на Франција, а на чело на ММФ дојде од јули 2011 година.

Незири: Условената препорака, позитивен сигнал за Македонија

Условената препорака на Европската комисија за Македонија е позитивен сигнал за нашата држава, смета министерот за економија, Беким Незири, и додава дека „наша должност е да ги имплементираме другите задачи што произлегуваат од препораката на Европската унија, за што побргу да станеме нејзина членка“. Дали ДУИ ќе има конкретни предлози и сугестии околу исполнувањето на Рамковниот договор, кој беше споменат во рамките...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...