Лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, утринава постигнаа договор за законот за влада и за законот за „бомбите“.
Со тоа почнаа да течат роковите за предвремените парламентарни избори, закажани за 24 април 2016 година.
В понеделник:
- Новите министри и заменици-министри од СДСМ и официјално ќе бидат избрани за членови на Владата.
1 јануари 2016 година:
- Актуелната Влада треба да ја поднесе својата официјална оставка до Собранието;
- Никола Груевски треба да поднесе оставка на премирската функција.
15 јануари 2016 година:
- Новата влада треба да биде инаугурирана 100 дена пред парламентарните избори, што ќе се одржат на 24 април 2016 година.
Февруари:
- Треба да се распушти Собранието (60 дена пред изборите)
Март:
- ДИК мора да го стави на јавен увид избирачкиот список (15 дена од денот на распишувањето на изборите). Јавниот увид трае 20 дена;
- Најдоцна 30 дена пред денот определен за избори, ДИК треба да ги објави описите на изборните единици.
До април:
- Најмалку 23 дена пред денот на изборите, ДИК мора да ги објави во дневен печат листите со кандидати за пратеници;
- Изборната кампања почнува 20 дена пред денот на изборите и мора да заврши 24 часа пред денот на изборите.