fbpx

Почнаа да течат роковите за изборите: Што нè чека до април?

-

Лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, утринава постигнаа договор за законот за влада и за законот за „бомбите“.

Со тоа почнаа да течат роковите за предвремените парламентарни избори, закажани за 24 април 2016 година.

В понеделник: 

  • Новите министри и заменици-министри од СДСМ и официјално ќе бидат избрани за членови на Владата.

1 јануари 2016 година:  

  • Актуелната Влада треба да ја поднесе својата официјална оставка до Собранието;
  • Никола Груевски треба да поднесе оставка на премирската функција.

15 јануари 2016 година:

  • Новата влада треба да биде инаугурирана 100 дена пред парламентарните избори, што ќе се одржат на 24 април 2016 година.

Февруари:

  • Треба да се распушти Собранието (60 дена пред изборите)

Март:

  • ДИК мора да го стави на јавен увид избирачкиот список (15 дена од денот на распишувањето на изборите). Јавниот увид трае 20 дена;
  • Најдоцна 30 дена пред денот определен за избори, ДИК треба да ги објави описите на изборните единици.

До април: 

  • Најмалку 23 дена пред денот на изборите, ДИК мора да ги објави во дневен печат листите со кандидати за пратеници;
  • Изборната кампања почнува 20 дена пред денот на изборите и мора да заврши 24 часа пред денот на изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...