fbpx

Британија ги прекина односите со Русија

-

Политичките односи меѓу Лондон и Москва се ставени „на чекање“ на иницијатива на Велика Британија поради настаните во Сирија и во Украина, соопшти рускиот амбасадор во Велика Британија, Александар Јаковенко.

– Практично, сите контакти нагло се прекинати на иницијатива на Велика Британија, а политичкиот дијалог се одржува само на највисоко ниво – изјави Јаковенко, додавајќи дека односите на министерско ниво се во фаза на стагнација.

Јаковенко рече дека суспендирани се и научните односи, а замрзнати се и преговорите во сферата на трговијата и на економската соработка, каде се разговарало за прашања од заеднички интерес. Единствена сфера во која сè уште има контакти меѓу двете држави е културата.

– Бројот на работници во руската амбасада во Лондон е намален затоа што британските власти одбиваат да им издадат виза на руските дипломати – рече Јаковенко.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 9 часот најмал во општините во Изборната едница 6

Одѕивот на гласачите на парламентарните избори до 9 часот бил 4, 45 отсто, додека на претседателските избори 4,17 отсто. Според податоците на Државната изборна комисија, најмалата излезност за парламентарните...