fbpx

Груевски се сретна со премиерот на Обединети Арапски Емирати

-

Премиерот Никола Груевски, денеска во Дубаи се стретна  со премиерот на Обединети Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Рашид ал Мактум, кој во исто време е и владетел на емиратот Дубаи.

На средбата, била истакната заложбата на двете страни за унапредување на севкупните односи во сите сфери од заемен интерес.

Двете страни истакнале дека помеѓу двете земји нема отворени прашања и ја констатирале потребата за интензивирање на политичкиот дијалог преку средби на високо ниво, што би придонело и за интензивирање на соработката на економски, културен и на образовен план.

Соговорниците особено ја истакнале потребата и интересот за унапредување на економската соработка.

Груевски го поканил шеикот Ал Мактум да ја посети Република Македонија, со што би се продолжил дијалогот на високо ниво и би се конкретизирале можностите за потенцијална економска соработка.

Шеикот Ал Мактум дал позитивна оцена за економските политики на нашата земја и изразил интерес во следниот период да ја разгледа можноста за посета на нашата земја.

Во рамки на средбата беше потпишан и договорот за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Република Македонија и ОАЕ, кој ја дава основата и ги зголемува капацитетите за продлабочување на економската соработка.

Премиерот Груевски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати ќе има средби со политички и со економски претставници и субјекти од земјата-домаќин. Покрај посетата на емиратот Дубаи, премиерот Груевски ќе го посети и емиратот Абу Даби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...