fbpx

Промоција на четвртата книга „Собрани драми“ од Горан Стефановски

-

МАНУ, во рамките на „Научната и уметничка визита – Охрид 2015” и во соработка со фестивалот „Охридско лето“, вечерва од 20 часот, ќе ја промовира четвртата книга „Собрани драми“ од Горан Стефановски.

Настанот ќе се одржи во „Куќата на Уранија“, додека промотор ќе биде академик Катица Ќулавкова.

Извадоци од сцени од драмите ќе интерпретира актерот Никола Ристановски, а за процесот на создавање на драмите ќе говори авторот Стефановски.

Најновата збирка од едицијата „Темелници“, во издание на Табернакул, содржи три нови драми, „Одисеј“, „Огнени јазици“ и „Фигурае венерис хисториае“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик

Денеска, на 5 Мај, во земјава се одбележува Денот на македонскиот јазик. Претседателот Стево Пендаровски истакна дека откако пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука, континуираниот развој на...