fbpx

Прилепчанец одгледувал марихуана во куќа во Македонски Брод

-

Секторот за внатрешни работи Битола до гостиварското обвинителство поднел кривична пријава против В.М. (38) од Прилеп, кој се товари за неовластено производство и за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, информира МВР.

Според полицијата, осомничениот во изнајмена куќа во Македонски Брод, одгледувал марихуана во саксии.

„Пријавениот поставил пропагатор за расад во кој засадил 15 семки од растението канабис, кои претходно ги имал набавено од Чешка. Од нив никнале 12 коренчиња кои ги пресадил во пластични саксии и ги поставил во дворот од куќата“, информираат од полицијата.

Кон крајот на јуни оваа година, полициска екипа од Македонски Брод при претрес пронашла и запленила 12 саксии со канабис, а осомничениот на полицајците им предал уште 52 семки од растението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...