fbpx

Во јуни издадени 186 одобренија за градба, 10 проценти повеќе од истиот период лани

-

Во јуни се издадени 186 одобренија за градење, што е за 10,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.880.672.000 денари, што е за 49 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 116 (62,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 28 (15 проценти) за објекти од нискоградба и 42 (22,6 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 186 објекти, во 134 (72 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а во 52 објекти (28 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 209 станови, со вкупна корисна површина од 20.688 квадратни метри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...