fbpx

ДЗС: Во јуни се издадени за 35,1 отсто повеќе одобренија за градба од истиот месец лани

-

Пандемијата со корона вирусот не ги спречи инвестициите во капиталните објекти во државaва, чија предвидена вредност во јуни значително ја зголеми вкупната сума на изградените градежни објекти како и бројот на издадени решенија за градба.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС, во јуни годинава се издадени 273 одобренија за градење, што е за 35,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, а предвидената вредност на објектите е 12.913 милиони денари или за 469 отсто повеќе во однос на јуни 2019 година.

„Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во наведениот период се издадени одобренија за градење на објекти од нискоградбата со поголеми вредности, како што е магистралниот транспортен гасовод во Пелагонискиот Регион, делницата 5 од магистралниот гасовод во Полошкиот Регион, биогасната и ветерна електроцентрала во Вардарскиот Регион, далноводот од Битола, до македонско-албанската граница во Југозападниот и во Пелагонискиот Регион“, сооштија од ДЗС.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 142 или 52 отсто се наменети за објекти од високоградба, 54 или 19,8 отсто се за објекти од нискоградба и 77 или 28,2 отсто се објекти за реконструкција.

Во вкупниот број од 273 одобренија за објекти, на 159 од нив, или 58,2 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 или 41,8 отсто инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 519 станови, со вкупна корисна површина од 45 634 квадратни метри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...