fbpx

Договорите за градежни работи ќе се зголемат, а цените ќе се намалуваат

-

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се дека тие ќе се зголемат во наредните три месеци, а очекувањата за бројот на вработените се дека тој ќе остане на исто ниво во наредниот период, објави Државниот завод за статистика.

Оцената за економската состојба во второто тримесечје од 2015 година е речиси на еднакво ниво како во претходното тримесечје, а поповолна во однос на второто тримесечје од 2014 година.

Оцената за финансиската состојба на градежните деловни субјекти е дека е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а оцената за сегашната состојба со порачки (договори) е поповолнa споредено со претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и на опремата во второто тримесечје од 2015 година ја надинуваат нормалата.

Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат зголемени финансиски трошоци (камати) со 18,3 проценти, зголемени трошоци за материјали со 16,8 проценти, недостиг од обучен кадар со 13 процнети и зголемени трошоци за труд со 10,5 процнети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...