fbpx

МВР уапси уште еден осомничен во акцијата „Ќелија“

-

Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера, во рамките на акцијата „Ќелија“, привеле уште едно лице, кое е осомничено дека било дел од групата што врбувала македонски државјани за учество во борбите во Сирија и во Ирак, на страната на џихадистите од Исламска држава.

Како што соопштува МВР, станува збор за 24-годишниот Ф.И. од Скопје, кој според досегашните сознанија од истрагата, бил „логистичар на групата, а имал и неколку  неуспешни обиди да замине за Сирија“.

„По претходно преземени мерки и активности, осомничениот беше лоциран и лишен од слобода околу 14 часот во близина на Бит-пазар, по што беше предаден на надлежниот јавен обвинител и спроведен во истражен затвор за издржување на претходно изречената мерка притвор во времетраење од 30 дена. При приведувањето не се регистрирани инциденти и немаше употреба на средства за присила“, се наведува во соопштението на МВР.

Министерството има информации дека уште едно лице, со кое осомничениот Ф.И. вторпат се обидел да замине на боиштата на Блискиот Исток, преку Турција, и кое исто така е опфатено со кривичната пријава што МВР ја поднесе пред една недела, сè уште се наоѓа во Сирија и војува во муџахединските единици на Исламска држава (ИД).

Последниот обид на Ф.И. да замине за Сирија, преку Турција, бил регистиран на 3 јуни оваа година. Тој не успеал во намерата бидејќи не му бил овозможен излез од Македонија.

„Намерата за неговото заминување за Сирија се претпоставува дека е поради извршување логистички активности за потребите на џихадистите во Сирија кои се по потекло од земјава“, велат од МВР, од каде додаваат дека осомничениот Ф.И. „не минува во крим-евиденцијата на Министерството како извршител на кривични дела“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...