fbpx

Во повеќе бомбашки напади во Багдад, убиени се најмалку 35 лица

-

Најмалку 35 лица загинаа во повеќе бомбашки и самоубиствени напади во Багдад, чија мета биле шиитски квартови.

Најсмртоносниот од нив се случил во северниот кварт Шааб, каде што во експлозија на автомобил-бомба, по која следел и самоубиствен напад, загинале 19 лица, соопштиле безбедносни и болнички извори.

Автомобилот експлодирал во близина на пазар полн со луѓе, а кога не местото на нападот се собрале полицајци и случајни поминувачи, бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот.

Во квартот Бунук, бомбата ставена во автомобил убила девет лица, а во три експлозии ранети се најмалку 100, пренесува „Ројтерс“.

Нешто порано, бомбашот-самоубиец убил петмина во дристриктот Каими, во кој се наоѓаат шиитски светилишта.

Во уште една експлозија на бомба во квартот Искан, загинаа двајца луѓе.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дигитално земјоделство – нова студиска програма на Факултетот за земјоделски науки и храна

Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) во Скопје отвора нова студиска програма по Дигитално земјоделство. Програмата, соопштија од таму, има мултидисциплинарен пристап и се реализира во тесна соработка...