fbpx

Судот не прифати кауција за браќата Мамиќ

-

Истражната судијка во Жупанскиот суд во Хрватска им одредила 30-дневен притвор на браќата Здравко и Зоран Мамиќ поради сомнежите дека двајцата проневериле неколку милиони евра со затајување данок, но и дека имале лични приходи од трансферите на неколку играчи на „Динамо Загреб“, пренесе „Дерби“.

Судијката Ерна Дражанчиќ го одбила барањето Здравко и Зоран да бидат пуштени со кауција, пред сè поради можноста да влијаат врз изјавите на останатите сведоци, но и големата веројатност да ја напуштат државата додека се расветлува случајот.
– Истражниот затвор не може да се замени со никаква поблага мерка во вид на кауција или условна мерка на претпазливост – нагласил заменик-директорот на УСКОК, Свен Мишковиќ.
Авокатите на познатите фудбалски работници во „Динамо Загреб“ веднаш најавија дека ќе поднесат жалба за донесената одлука, иако истакнаа дека истата не претставува никакво изненадување за нив.
– Воопшто не сме задоволни од одлуката, но ова не е никакво изненадување ако се знае дека претходно во притвор завршија и Пернар и Врбановиќ. Како и да е, ние сигурно ќе доставиме жалба – најавила адвокатката Слоковиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...