fbpx

Камерон: Исламските екстремисти ѝ објавија војна на Велика Британија

-

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека исламските ектремисти ѝ објавиле војна на Велика Британија, наведувајќи дека од Британија ќе испрати воен транспортен авион за Тунис заради евакуција на загинатите и на повредените во терористичкиот напад во Сус.

За Камерон тоа е застрашувачки напад кој ја шокирал цела нација.

– Ние (Британците) бевме мета. Тие ни објавија војна – рече Камерон и вети целосна истрага за тоа што се случило во туниското летувалиште пред три дена.

Камерон рекол дека министерот за внатрешни работи Тереза Меј ќе отпатува во Тунис заедно со претставникот од министерството за надворешни работи, Тобијас Елвуд.

Од Британија, досега, во Тунис испратени се 16 детективи за да помогнат во истрагата, додека 400 полицајци разговараат со британските туристи кои биле на местото за време на нападот.

Во Лондон денеска знамињата се на половина копје во знак на сочувство со семејствата на жртвите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...