четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Тунис | 24 резултати

Убиени седум милитанти на границата на Тунис со Либија

март 9, 2016

Туниските сили за безбедност денеска убиле седум напаѓачи во немирите на границата со Либија, со што бројот на убиените милитанти во последните два дена порасна на 55. Туниските власти соопштија дека потрагата по милитантите на Исламска држава продолжува по најновите напади на безбедносните сили, извршени во текот на ноќта меѓу понеделник и вторник. Во акцијата […]

Тунис ја затвори границата со Либија, во терористички напад загинаа 53 лица

март 7, 2016

Најмалку 53 лица загинаа во конфликт на туниските сили и на екстремистите во близина на границата со Либија, соопшти владата на Тунис. Вооружени мажи во зора извеле напад на градот Бен Гердан, а борбата продолжила и во текот на вечерта. Во нападот загинале 35 терористи, седум цивили и 11 припадници на безбедносните сили, се наведува […]

Полицијата во Тунис убила 21 лице

март 7, 2016

Министерството за внатрешни работи на Тунис соопшти дека се убиени 21 милитант во судирите на туниските сили и на исламистичките милитанти во близина на границата со Либија. Судирите доаѓаат во период на зголемена загриженост на туниските власти дека насилниот екстремизам во Либија би можел да го дестабилизира регионот. Во судирите настрадало и 12-годишно девојче, соопшти претставник […]

Тунис ја затвора границата со Либија

ноември 25, 2015

Тунис денеска објави дека во наредните 15 дена границата со Либија ќе биде затворена. Причината за ова е самоубиствениот напад што се случи во вторникот, во кој загинаа 12 лица од претседателската гарда, во центарот на главниот град Тунис. Одговорноста за нападот ја презеде ИД. Одлуката на Советот за национална безбедност на Тунис стапува на сила […]

Квртетот за дијалог во Тунис ја доби Нобеловата награда за мир

октомври 9, 2015

Нобеловата награда за мир е доделана на Националниот квартет за дијалог во Тунис, за придонес во револуцијата во таа земја во 2011 година и во градењето на демократијата. Револуцијата што ја покрена Арапската пролет, позната и како „јасмин-револуција“, настана врз основа на договорот на четирите организации – Лига за човекови права, Редот на адвокатите, Здружението на […]

Во Тунис убиен џихадист

јули 24, 2015

Еден џихадист е убиен, а 16 осомничени терористи се уапсени во акција на безбедносните сили во регионот Бизерте, при што се конфискувани оружје, експлозиви и муниција, соопшти денеска министерството за внатрешни работи на Тунис. Безбедносните сили вчера утрото ја почнале акцијата против терористите во градот Сежнан, кој се наоѓа во регионот Бизерте.

Тунис бара помош во борбата против џихадистите

јули 3, 2015

На Тунис му е потребна воена и финансиска помош од Западот за да може да се соочи со исламистичкиот тероризам, а во спротивно, Европа ќе се соочи со џихадистите, изјави Мохсен Марзук, советник на претседателот на Тунис, Бежиј Каид Есебиј. Властите во Тунис уапсија 12 лица осомничени за учество во терористичкиот напад што го изврши Сејфедин […]

Дванаесет луѓе уапсени за масакрот во Тунис

јули 2, 2015

Дванаесет луѓе се уапсени во истрагата за терористичкиот напад што се случи минатиот петок на плажа во Тунис, каде се убиение 38 луѓе, поголемиот дел британски туристи, пренесе туниското радио „Мозаик“. Радиото се повикува на изјава на официјално лице од владејачката партија, но не прецизира каде и кога се случиле апсењата. Терористичката организација Исламска држава ја […]

Идентификувани сите жртви од масакрот во Тунис, 30 се Британци

јули 1, 2015

Сите 38 жртви од масакрот во Тунис и официјално се идентификувани, а меѓу нив има 30 Британци, соопшти денеска туниското министерство за здравство. Од другите осум жртви, тројца се од Ирска, двајца од Германија и по една жртва од Белгија, Португалија и од Русија. Британија денеска ќе ги пренесе телата на осум свои државјани, а […]

Камерон: Исламските екстремисти ѝ објавија војна на Велика Британија

јуни 29, 2015

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека исламските ектремисти ѝ објавиле војна на Велика Британија, наведувајќи дека од Британија ќе испрати воен транспортен авион за Тунис заради евакуција на загинатите и на повредените во терористичкиот напад во Сус. За Камерон тоа е застрашувачки напад кој ја шокирал цела нација. – Ние (Британците) бевме мета. Тие […]

Во напад на плажа во Тунис загинаа најмалку седум туристи

јуни 26, 2015

Oткако беа нападнати два хотели во тунискиот град Сус, загинаа најмалку седум луѓе. Во хотелите главно претстојуваат странски гости. Инцидентите се случија откако вооружени лица влегле во хотелите и отвориле оган врз туристите. Според дел од западните медиуми, во регионот на нападнатите хотели се слушаат истрели. Министерството за внатрешни работи на Тунис сè уште не […]

Во судир на камион и на воз загинаа 17 лица

јуни 16, 2015

Најмалку 17 лица загинаа, а 70 се повредени во судир на воз и на камион јужно од истоимениот туниски главен град Тунис, соопшти министерството за сообраќај и за внатрешни работи на Тунис. Несреќата се случила во Ел Фахес, на околу 60 километри од Тунис, околу 6.30 часот по локално време, во екот на утринскиот сообраќаен […]

Убиени тројца полицајци при судири со милитантите во Тунис

јуни 15, 2015

Тројца полицајци денеска се убиени во судир со милитантите на контролен пункт во централниот дел на Тунис, јавува државната агенција ТАП. Еден милитант е убиен, а еден е уапсен, се наведува во извештајот. Безбедносните сили на Тунис ги зајакнале мерките против џихадистичките групи откако вооружени лица во март годинава убија група странски туристи при напад […]

Седум војници загинаа во пукање во касарна во Тунис

мај 25, 2015

Во воена база во главниот град на Тунис, еден војник отворил оган на своите колеги при што убил седум војници, а потоа се самоубил, соопшти портпаролот на туниската армија. Во пукањето повредени се уште 10 луѓе. Засега не е познато што го навело војникот да пука. Заради пукањето во базата Бушиш, евакуирано е едно училиште […]

Тунис има знаме за Гинис

мај 4, 2015

Тунижаните минатиот викенд го развија националното знаме со големина на 18 фудбалски терени за да го достигнат рекордот „најголемо знаме на светот“, соопштија туниските медиуми. Неколку стотини лица учествуваа на настанот одржан на југот на Тунис, каде дошле и војници за да се поклонат на знамето заедно со химната. Црвено-белото знаме, кое со површина од 104.544 квадратни метри, […]

Уапсени 20 осомничени милитанти во Тунис

март 21, 2015

Повеќе од 20 лица се уапсени под сомневање дека се дел од милитантните борци што го извршија нападот врз музејот „Бардо“, во кој загинаа 23 лица, соопштија туниските власти. Нападот во музејот доведе до голема акција на силите за безбедност низ целата држава. – Уапсени се повеќе од 20 осомничени борци, меѓу кои има и 10 лица за […]

ЕУ жестоко ќе одговори на терористичките закани

март 20, 2015

Лидерите на ЕУ денеска ветија дека силно ќе одговорат на сите поголеми терористички закани откако нападот во тунискиот музејот „Бордо“ предизвика страв од исламските екстремисти во соседна Либија. Екстремистичката џихадистичка организација Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во кој загинаа 22 лица, од кои 20 странски туристи, повеќето од Европа. Тунис денеска соопшти дека двајца […]

Деветмина уапсени поради вмешаност во терористичкиот напад во Тунис

март 19, 2015

Девет лица биле уапсени поради поврзаност со терористичкиот напад што вчера се случи во музеј во Тунис, а во кој загинаа 23 лица, од кои 20 странски туристи, јавува „Би-Би-Си“. Како што соопштиле туниските власти, четворица од уапсените биле директно поврзани со нападот, а другите петмина имале „врски со терористичката ќелија“. Одговорноста за нападот во […]

Тунис: 22 лица убиени во напад во музеј

март 19, 2015

Дваесет и двајца загинати, од кои 20 се странски туристи, е последниот биланс од вчерашниот напад во народниот музеј „Бордо“ во Тунис, соопшти туниското МНР. Тунискиот претседател Каид Есеби вети немилосрдна „војна против тероризмот“. – Сакам луѓето во Тунис да сфатат дека сме во војната против тероризмот и оти дивјачкото малцинство не нè плаши. Ќе […]

Во Тунис уапсени 32 исламисти

февруари 8, 2015

32 исламисти, од кои некои се вратени од борбите во Сирија и планирале „спектакуларни“ напади, уапсија властите во Тунис. – Антитерористичките сили осуетија планови за извршување спектакуларни напади врз витални објекти, вклучувајќи го и МВР, безбедносни служби и цивилни згради во Тунис – изјави Мохамед Али Аруи, портпарол на МВР на Тунис.  

Страна 1 од 1