fbpx

Меркел постави амбициозна агенда на Самитот Г7

-

Во замокот Елмау, на околу 100 километри од Минхен, денеска почна дводневниот самит на шефовите на држави и на влади на Групата седум индустриски најразвиени земји – Г7, под мотото „Да се размислува долгорочно, да дејствуваме заедно“.

Домаќинот на самитот, германската канцеларка Ангела Меркел, предвидела амбициозна агенда за самитот, на кој ќе се разговара за тероризмот, ситуацијата во источниот дел на Украина, климатските промени и здравствената криза, како што беше неодамнешната појава на ебола во Западна Африка, како и за глобалните договори за економски пораст и за трговија.

Полицијата на германската држава Баварија соопшти дека се мобилизирани 17.000 полицајци во целата земја.

Хеликоптери ќе ги пренесуваат гости директно на имотот на замокот, кој во следните два дена претставува „забранета зона“. Оваа зона се протега на неколку километри и околу неа има зголемено полициско обезбедување.

Г7 се состои од Велика Британија, Франција, Канада, Германија, Италија, Јапонија и од САД. Последниот самит на групата во Германија беше во 2007 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...