fbpx

За избори во април, Собранието се распушта во февруари, листите готови во март

-

Според најавите на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, и на лидерите на политичките партии, предвремени парламентарни избори ќе се одржат најдоцна до крајот на април идната година.

Според Уставот, Собранието мора да се распушти 60 дена пред изборите, значи во февруари, листите на пратеници треба да бидат објавени 23 дена пред датумот на изборите, а ДИК мора избирачкиот список да го стави на јавен увид 15 дена од денот на распишувањето на изборите.

Минатата година се одржаа и претседателски и парламентарни избори, за кои беа потрошени осум милиони евра од буџетот.

Ова се другите технички работи што мора да се направат пред да се одржат изборите.

  • Роковите за предвремените парламентарни избори за пратеници се скратуваат за пет дена, освен рокот утврден за спроведување на изборната кампања;
  • Најдоцна 23 дена пред денот на изборите, ДИК мора листите со кандидати за пратеници да ги објави во дневен печат;
  • Изборната кампања почнува 20 дена пред денот на изборите и мора да заврши 24 часа пред денот на изборите;
  • Најдоцна 15 дена од денот на распишувањето на изборите ДИК мора да го стави Избирачкиот список на јавен увид;
  • Јавниот увид трае 20 дена;
  • Пет дена откако ќе заврши јавниот увид, ДИК им го доставува ИС на политичките партии, а тие, пак, во рок од пет дена мора да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци;
  • ДИК мора да го заклучи ИС најдоцна 15 дена по јавниот увид;
  • 48 часа пред утврдувањето на листите или најдоцна 48 часа по утврдувањето на листите за кандидати, тие мора да отворат трансакциска сметка, да обезбедат единствен даночен број и да ја достават сметката до надлежната изборна комисија;
  • Државната изборна комисија преку МНР во рок од 48 часа ќе ги достави до ДКП односно конзуларните канцеларии утврдените единствени листи заради јавно објавување;
  • Државната изборна комисија изборниот материјал го предава на општинските изборни комисии најдоцна во рок од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите;
  • Министерството за надворешни работи изборниот материјал на ДКП го доставува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по приемот;
  • Општинската изборна комисија е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде изборниот материјал на избирачките одбори на територијата на Република Македонија;
  • Државната изборна комисија најдоцна 30 дена пред денот определен за избори треба да ги објави описите на изборните единици утврдени со овој законик.

В среда во Брисел продолжуваат разговорите за решавање на политичката криза во Македонија, на кои веројатно ќе биде одредено кога ќе се одржат предвремените избори и како ќе се одвива процесот на нивното спроведување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...