fbpx

Лавров: На руската црна листа има поддржувачи на ударот во Украина

-

На руската „црна листа“ се наоѓаат личности кои активно го поддржуваат минатогодишниот државен удар во Украина, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, отфрлајќи го тврдењето на ЕУ за неоснованост на листата и наведувајќи дека Русија одговорила во иста, па дури и во помала мера за разлика од едностраните санкции на ЕУ кон Русија.

– Санкциите кои се воведени, се однесуваат на официјални лица кои на најактивен начин го поддржаа државниот удар, по што Русите во Украина беа подложени на прогон и на дискриминација – рекол Лавров.

Шефот на руската дипломатија рекол дека дискриминацијата се спроведува и покрај многубројните конвенции во кои учествува и Украина, а кои гарантираат заштита на националните малцинства и групи.

– Украина неодамна се откажа од примена на конвенциите на територијата на Доњецкиот базен, а ние сепак не слушнавме никаква рекација од ЕУ. Сè зависи од нашите партнери и од нивното разбирање на ситуацијата и од способноста да не ја кријат вистината и да се преправаат дека не разбираат што се случува – додал Лавров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...