Издадена 14. емисија обврзници за денационализација

-

Државата денеска ја емитуваше 14. емисија обврзници за денационализација во износ од 9.500.000 евра.

Министерството за финансии информира дека со 14. емисија се опфатени сите правосилни решенија за денационализација од 1 февруари 2014 година до 31 јануари 2015 година, за кои како надомест се доделени обврзници.

Централниот депозитар за хартии од вредност ќе им достави на сопствениците на обврзниците известување за личниот износ на емитувани обврзници, на домашна адреса.

Тргувањето со обврзниците за денационализација се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и на банките-членки на Македонската берза.

Пред рокот за нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост.

Досега се издадени 14 емисии обврзници за денационализација, со вкупна вредност од 333,5 милиони евра.

Гори депонија, црн чад се гледа од Шуто Оризари

Голем црн чад од пожар на депонија во Шуто Оризари денеска се гледа од повеќе населби во градот. Според информации од Бригадата за противпожарна заштита на Градот Скопје, депонијата се наоѓа...

Играта Two Point Hospital е бесплатна на Епик Гејмс до четврток

Играта Two Point Hospital, која е пародија на популарната „Sims“, но сега сместена во болница, e бесплатна на Epic Games до четврток. Се работи за инвентивна игра, полна со многу хумор. Во...

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ

Новото раководство на АД ЕСМ ја обвини претходната власт предводена од СДСМ за катастрофалната состојба во која ја затекнало компанијата, посочувајќи дека РЕК Битола и РЕК Осломеј се во континуирана борба...

Фронт 21/42: Институциите не постапуваат по претставката за хотелот во Горица, законите не важат во Охридскиот Регион

И покрај поднесената претставка од страна на 25 граѓански организации, ниту една од надлежните институции не постапила во законски предвидениот рок во врска со незаконската изградба на хотелот во охридската населба...

Гори депонија, црн чад се гледа од Шуто Оризари

Голем црн чад од пожар на депонија во Шуто Оризари денеска се гледа од повеќе населби во градот. Според информации од Бригадата за противпожарна заштита на Градот Скопје, депонијата...