fbpx

81-годишен старец осомничен дека блудничел врз петгодишно дете

-

Гевгелиската полиција поднела кривична пријава против 81-годишниот Д.Ш., осомничен дека во четвртокот минатата недела блудничел врз петгодишно дете, соопшти полицијата.

Според пријавата што надворешната канцеларија за кримининалистички работи од Гевгелија ја поднела до Основното јавно обвинителство Велес, осомничениот се товари за кривичното дело полов напад врз дете.

Како што информираат од полицијата, осомничениот на 2 јули, во период од 16 до 17.30 часот, на нива во атарот на селото Стојаково, извршил блудни дејства врз петгодишно дете.

Судија на претходна постапка од Основниот суд Велес, на осомничениот му одредил мерка притвор од 30 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...