Откриени 17 стебла марихуана на нива во струшко Мислешево

Инспектори од полициската станица во Струга деновиве пронашле 17 стебла марихуана, засадени на нива во атарот на селото Мислешево, информираат од полицијата.

Според МВР, стеблата биле засадени и одгледувани од засега непознато лице на место со бујна вегетација во близина на реката Сатеска.

Припадниците на криминалстичката полицијата за слулајот веднаш го известиле струшкото јавно обвинителство, по што насадите биле искорнати и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Оттаму информираат дека преземаат мерки за откривање на лицето што ја засадило марихуаната, против кое ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.