Унгарија со нов закон ги заостри правилата за азил

Унгарскиот парламент денеска усвои закон со кој се заоструваат правилата за азил и дава правна основа за подигнување ограда долж границата со Србија, која би требало да го спречи приливот на имигранти.

Со законот се скратува периодот за проверка на азилантите, а на официјална Будимшета ѝ се овозможува да ги отфрла барањето на имигрантите од Сирија, Авганистан или Ирак, кои попатно минале низ некоја побезбедна земја.

ОН и Советот на Европа претходно го критикуваа предложениот закон, оценувајќи дека со него се ослабува заштитата на бегалците во Унгарија.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно изјави дека границите на Унгарија мора да бидат заштитени со сите расположливи средства од бранот имигранти кои пристигаат преку Балканот.