Вчера, околу 12 часот, во полициската станица во Сарај, А.Ј. пријавил дека на околу 100 метри од автопатот Скопје – Тетово, забележал починато женско лице, информираат од МВР.

Телото по наредба на јавен обвинител било дадено за обдукција, која треба да ги открие причините за смртта. Како што информираат од МВР, денеска е извршено идентификување на телото и било утврдено дека станува збор за 71-годишната М.С. од Скопје, која била пријавена за исчезната на 27 ноември 2015 година во полициската станица во Карпош.

Полицијата почна истрага за расчистување на случајот.