петок, 4 септември, 2026
Meta.mk

Ознака: исчезната | 16 резултати

Исчезната жена пронајдена мртва во реката Пчиња

јуни 17, 2016

Безживотно тело на жена која пред еден месец била пријавена за исчезната, пронајдено е вчера во водите на реката Пчиња, во атарот на кумановското село Војник, соопшти денеска МВР. Случајот го пријавил случаен минувач, кој вчера околу 16.30 часот го забележал телото во водите на реката. Починатата, која била родена во 1941 година, била жителка […]

Исчезната 19-годишна охриѓанка била сексуално малтретирана

мај 22, 2016

Деветнаесетгодишната охриѓанка, која на 19 мај беше пријавена за исчезната, била пронајдена два дена подоцна во Охрид. Како што информираат од полицијата, таа била сексуално малтретирана од две лица, албанскиот државјанин А.Ч.(30) и К.К.(51) од Кичево. Полициската станица од Кичево на двајцата им поднела кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело […]

71-годишна скопјанка пронајдена мртва покрај автопатот Скопје – Тетово

февруари 4, 2016

Вчера, околу 12 часот, во полициската станица во Сарај, А.Ј. пријавил дека на околу 100 метри од автопатот Скопје – Тетово, забележал починато женско лице, информираат од МВР. Телото по наредба на јавен обвинител било дадено за обдукција, која треба да ги открие причините за смртта. Како што информираат од МВР, денеска е извршено идентификување на […]

Потрагата заврши, исчезнатата жена пронајдена жива кај плажата Парк

јули 29, 2015

Потрагата на полицијата и на екипите на Црвениот крст заврши успешно, а жената што ноќеска беше пријавена за исчезната е пронајдена жива. Таа била забележана од полициските службеници од Езерската полиција како плива во водите на Охридско Езеро, во близина на плажата Парк. По неа ноќва и утрово трагаа спасувачки тимови од Црвениот крст од Охрид и припадници […]

Жител на Кумановско ја пријавил сопругата за исчезната

јули 9, 2015

Четириесет и петгодишниот Њ.А. од селото Алгуње, вчера во кумановската полиција ја пријавил за исчезната својата сопруга Ж.А. (34), соопшти полицијата. Според пријавата, жената на 1 јули се оддалечила во непознат правец и оттогаш не се вратила дома. Секторот за внатрешни работи Куманово презема мерки за пронаоѓање на жената.

Исчезнала 18-годишна девојка од Скопје

април 10, 2015

Вчера, во 12 часот, во полициската станица во Гази Баба, С.Ш. (50) од Скопје, пријавил дека истиот ден во 6.30 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Е.Ш. (18). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Штитеничка на домот „25 Мај“ пријавена за исчезната

јануари 13, 2015

Работник во домот „25 Мај“ вчера попладне, во полициската станица Чаир, пријавил дека претходниот ден од домот исчезнала 13-годишна штитеничка, информираат од МВР. Според пријавата, девојчето последен пат било видено во неделата, околу 10 часот, кога се оддалечило од домот во непознат правец. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на штитеничката.

Пронајдена малолетната штипјанка што беше пријавена за исчезната

јануари 9, 2015

Дванаесетгодишното девојче што вчера беше пријавено за исчезнато во полициската станица во Штип, е пронајдено, информира денеска МВР. Од полицијата не соопштуваат повеќе детали за тоа кога и каде било пронајдено девојчето. Девојчето беше пријавено за исчезнато вчераутро, од родител, кој рекол дека неговата ќерка во средата околу 14 часот заминала во непознат правец.

Дванаесетгодишна штипјанка пријавена за исчезната

јануари 8, 2015

Утрово во штипската полиција, родител ја пријавил својата малолетна ќерка за исчезната, информираат од МВР. Според полицијата, Д.М. (43) пријавил дека вчера, околу 14 часот, неговата дванаесетгодишна ќерка заминала во непознат правец. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчето.

Штипјанка пријавена за исчезната

декември 11, 2014

Дваесет и седумгодишната штипјанка Е.М., која живеела во Пробиштип, вчера била пријавена за исчезната, информираат од полицијата. Исчезнувањето, околу 15.45 часот, го пријавила нејзината сестра Н.З. (25), која во СВР Штип рекла дека Е.М. излегла од својот дом со изговор дека ќе оди на работа, но до моментот на пријавувањето не се вратила. Полицијата презема […]

Дваесетгодишна скопјанка пријавена за исчезната

ноември 17, 2014

Дваесетгодишна скопјанка, во саботата била пријавена за исчезната во полициската станица во Карпош. Случајот, во саботата, околу 23 часот, го пријавил А.С. (18), невенчан сопруг на исчезната С.С. Тој пријавил дека С.С. заминала во непознат правец истиот ден околу 10 часот. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојката.

Исчезна девојка од струшко Делогожди

ноември 14, 2014

Во струшката полиција, вчера, околу 10.30 часот, било пријавено дека 26-годишна девојка исчезнала од нејзниот дом во селото Делогожди. Случајот, според полицијата, го пријавил роднина на исчезната, кој рекол дека неговата внука истиот ден, околу 2.15 часот, излегла од нивниот дом. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојката.

Страна 1 од 1