fbpx

12 чешки полицајци од граничната полиција во Гевгелија позитивни на ковид-19

-

Дванаесет полицајци од контингентот на граничната полиција, државјани на Република Чешка, биле тестирани за ковид-19 во изминатото деноноќие во Гевгелија, а за 12 од нив се потврдило дека се позитивни на корона вирусот. Сите тие, заедно со лицата со кои имале контакт, сега ќе мораат да седат во изолација 14 дена.

Како што информира за „Мета.мк“ гевгелискиот епидемиолог д-р Сашо Олумчев, објектот во кој биле сместени полицајците сега треба сосема да се испразни и дезинфицира.

– Не можам да ви кажам каде точно се наоѓа објектот. Државјаните на Чешка ги тестиравме за да си одат назад во нивната матична држава, но излезе дека 12 од нив се позитивни и ќе мора да поминат време во карантин. Мислам дека државата Чешка назад нема да ги прими, па најверојатно ќе останат овде во карантин, за што решенијата од Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе ги добијат денеска. И луѓето со кои контактирале, а кои тие ги посочија, ќе добијат решенија за четиринаесетдневен карантин. Полицајците низ Гевгелија и околината обично одат во патроли, а тие патроли се мешани. Ние сега мораме да го ослободиме објектот во кој тие беа сместени, за да се дезинфицира и да дојдат нови полицајци од контингентот на граничната полиција кои ќе ги заменат, за да можат да продолжат да работат – вели д-р Олумчев од Гевгелија.

Полицајците од гранична полиција патролираат насекаде низ Гевгелија и околината. Набљудуваат што се случува кај Моин, селото што се наоѓа на два километри од Гевгелија каде што во 2016 година околу 700 мигранти нелегално влегоа на македонска територија од Грција. Патроли има и на излез од Гевгелија, на автопатот кон Скопје, каде што сопираат возачи и прават контроли. Претставници на граничната полиција има и на автобуската станица во Гевгелија, во центарот на градот, но и по кафулињата. Со оглед на фактот дека тие слободно се движат насекаде, останува отворено прашањето уште колкумина други лица заразиле од оние со кои биле во контакт полицајците од Чешка.

Во Гевгелија, според последниот извештај на Министерството за здравство, од почетокот на епидемијата има вкупно 73 случаи, а активни случаи во моментов се 46. Седум лица се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани од Чешка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...