fbpx

Заврши заложничката драма во Белгија

-

Белгиската полиција уапси тројца мажи кои држеа заложник во станбена зграда во градот Гент. Заложникот е ослободен и не е повреден.

Уште не е јасно зошто уапсените го зеле заложникот, но сепак не станува збор за терористички чин, соопшти портпаролката на полицијата, Анемеи Серлипенс.

Четворица мажи денеска упаднаа во станбен блок во работничкиот кварт во Гент, по што полицијата презеде засилени безбедносни мерки за да ги отстрани случајните минувачи.

По неколку часа, најмалку двајца мажи ја напуштиле зградата со кренати раце. Не е познато како третиот маж излегол, а полицијата трага по четвртиот осомничен.

Локалните медиуми, повикувајќи се на очевидци, јавуваат дека едно лице претходно е уапсено и е однесено со лисици и со превез на очите.

Јавниот обвинител соопшти дека „нема индикации оти настанот е поврзан со тероризам, групата Исламска држава во Ирак и во Левант или со моменталната заложничка драма во Сиднеј“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...