Општина Велес ќе ги отстранува старите возила

Денеска екипи на Општина Велес и на СВР Велес почнаа со заедничка реализација на акцијата „Чист град“.

Според портпоаролот Мартин Мајсторов, оваа активност се реализира за да се евидентираат и да се отстранат нерегистрираните, хаварисаните и запуштените моторни возила, приколките и камп-приколките, тракторите, земјоделските машини и алатки, од отворени простори и од јавните сообраќајни површини, заради создавање услови за безбеден и уреден сообраќај и здрава животна средина.