fbpx

Утре ќе се прегласува во Теарце, избирачкото ливче останува исто

-

На избирачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Теарце утре ќе се прегласува откако Управен суд одлучи да го поништи гласањето на ова избирачко место.

Државната изборна комисија пред три дена едногласно донесе одлука за прегласување бидејќи симулацијата направена од ИТ-секторот покажала дека прегласувањето може да влијае на резултатот од изборите, односно на бројот на освоени мандати на политичките партии во шестата изборна единица.

ДИК соопшти дека сè е подготвено за гласањето в недела и дека сите што се акредитирани за набљудување ќе имаат право да го следат гласањето.

Од комисијата информираат дека без оглед на најавите што доаѓаа од некои партии дека нема да учествуваат во прегласувањето, гласачкото ливче во Теарце ќе биде исто како и пред две недели, со 11 кандидатски листи.

Советот на Управниот суд ја прифати како основана тужбата поднесена од СДСМ и од коалицијата за ова избирачко место откако ДИК го отфрли нивниот приговор.

Причината за поништување на гласањето е бидејќи било утврдено дека од кочанот со гласачки ливчиња недостигало едно ливче, кое потоа, со дел од кочанот, било пронајдено во гласачката кутија. Освен тоа, во доверливиот гласачки материјал недостига и образецот број 15.

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи, а на гласањето на 11 декември излегоа 404 избирачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...