fbpx

Украина: Седум цивили загинаа при напад на Краматорск

-

Најмалку седум цивили денеска загинаа во гранатирањето на источниот украински град Краматорск, со што бројот на жртвите во последните 24 часа се зголеми на 21. Нападите доаѓаат еден ден пред состанокот во Минск, на кој европските, руските и украинските челници треба да го договараат мировниот план, кој се смета за последна шанса за мир.

Како што соопшти украинскиот претседател Петро Порошенко, Краматорск е погоден од ракетен фрлач од типот „торнадо“. При нападот загинале седум лица, а 26 се ранети.

Засега нема потврдени информации за евентуални жртви меѓу војниците.

Како што наведува украинската војска, ракетите се испукани од Горливке, град кој е под контрола на проруските сили, а се наоѓа на 45 километри од Краматорск. Проруските сили демантираат дека го гаѓале градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...