!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

УЈП: Септемвриските сметки за радиодифузна такса се последни за плаќање


       
Скопје, 4 октомври, 2017 - 17:22 (META) 

По доставувањето на решенијата за септември, Управата за јавни приходи (УЈП) ќе прекине со достава на решенијата за плаќање радиодифузна такса (РДТ), информираат оттаму.

Оваа одлука е во согласност со законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кој се укинува оваа давачка.

„Граѓаните и фирмите имаат обврска да извршат плаќање на сите заостанати долгови по решенија за РДТ за периодот од јануари 2011 година до септември 2017 година. За сите специфични случаи, а заради уредно затворање на финансиските картички кои УЈП ги води за обврзниците на РДТ (граѓани и фирми), ќе бидат објавени дополнителни информации на веб-страницата на УЈП“, се вели во соопштението на УЈП.

Законот за укинување на радиодифузната такса Собранието го донесе на 19 септември.