fbpx

„Тврдокорни“ ќе ја дочекаат Новата година пред затворот во Шуто Оризари

-

Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ соопшти дека вечерва ќе организира дочек на Новата година пред истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, како поддршка за притворените за насилствата во Собранието од 27 април.

„Новогодишната ноќ пред истражниот затвор ‘Шутка’ ќе биде во знак на поддршка на притворените уставобранители“, се вели во соопштеноето од здружението „Тврдокорни“.

Кривичниот суд во Скопје на 27 декември им го продолжи притворот за нови триесет дена на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на поранешниот министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и на уште шестнаесет лица осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, оваа година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...