понеделник, 10 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: притворени | 22 резултати

ВМРО-ДПМЕ: Судот има единствена шанса да одолее на притисоците

9 јануари 2018

Судот има единствена шанса да застане на страна на правдата и законот и да им сврти грб на притисокот и политички конструираните обвиненија. Судот има можност водејќи се по словото на законот да стави крај на оваа конструкција со која недолжни граѓани се обвинуваат за тероризам и да застане на страната на правдата, порача ВМРО-ДПМНЕ […]

Мицкоски: Подготвуваме закон за амнестија за притворените за 27 април

4 јануари 2018

Новиот лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во интервју за јавниот сервис – МТВ – најави дека партијата подготвува закон за амнестија за притворените за насилствата во Собранието од 27 април минатата година, кој ќе го поднесе во Собранието. – Во моментов има една сериозна дебата во партијата како да дејствуваме како пратеничка група, институционално и вониституционално. […]

ВМРО-ДПМНЕ бара судот да ги ослободи притворените за 27 април

2 јануари 2018

Десетици неосновано притворени граѓани наместо со своите семејства новата година ја поминаа во ладни ќелии, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и реагираат на продолжениот притвор на осомничени за насилствата во Собранието од 27 април. Од партијата велат дека притворените се „жртви на политички прогон, кои ја чувствуваат инквизицијата на 21 век на сопствена кожа“. „Притворените граѓани […]

„Тврдокорни“ ќе ја дочекаат Новата година пред затворот во Шуто Оризари

31 декември 2017

Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ соопшти дека вечерва ќе организира дочек на Новата година пред истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, како поддршка за притворените за насилствата во Собранието од 27 април. „Новогодишната ноќ пред истражниот затвор ‘Шутка’ ќе биде во знак на поддршка на притворените уставобранители“, се вели во соопштеноето од здружението „Тврдокорни“. Кривичниот суд […]

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон мора да престане

30 декември 2017

Во Македонија нема да има атмосфера за конструктивна дискусија се додека пратеници, уметници, доктори, архитекти, актери, оперски пејачи и полициски службеници се прогласуваат за терористи, се вели во денешното соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое опозициската партија повторно реагира на притворањето на лицата осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, оваа година. „Судот наместо да […]

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите не смеат да бидат алатка за политички прогон

29 декември 2017

Не постои никаква правна аргументација уметници, оперски пејачи, актери, режисери, архитекти, доктори, полициски службеници, пратеници и останатите неправедно обвинети за тероризам да се држат во притвор, се вели во денешното соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која реагира на продолжувањето на притворот на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април. „Тие се целосно невини и секоја […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира четири крстосници и ќе протестира пред Министерство за правда

19 декември 2017

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека денеска во знак на протест поради притворените за насилството во Собранието на 27 април ќе блокира четири крстосници во Скопје и ќе одржи протест пред Министерството за правда. Партијата од 15 до 17 часот ќе ги блокира: Крстосницата кај Соборен Храм, крстосницата кај „Мавровка“, крстосницата кај „Нова Македонија“ и крстосницата кај зградата […]

ВМРО-ДПМНЕ една вечер ќе протестира пред Министерство за правда, друга пред „Шутка“

14 декември 2017

Од утре ВМРО-ДПМНЕ ќе ја менува рутата и локацијата на протестите против притворањето на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, меѓу кои се и шестмина пратеници на опозициската партија. Ова на вечерашниот протест пред Министерството за правда во најави Александар Николовски, кој во своето обраќање пред насобраните граѓани рече дека од утре па […]

ВМРО-ДПМНЕ без најава за блокирање на раскрсници, ќе протестира пред Министерството за правда

11 декември 2017

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска нема најавено блокирање на раскрсници во Скопје, а протестот против притворањето на триесетина лица поради насилствата во Собранието од 27 април е закажан во 18 часот пред Министерството за правда. Од партијата велат дека „Македонија е земја на политички затвореници, со монтирани обвиненија за тероризам“ и нагласуваат дека остануваат на улиците […]

Протест пред затворот во Шутка за ослободување на притворените за 27 април

10 декември 2017

ВМРО-ДПМНЕ попладнево одржа протест пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари, барајќи да бидат ослободени притворените пратеници и други, против кои Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција почна истрага за тероризам поради насилствата во Собранието на 27 април. – Се собравме и денеска да им дадеме поддршка и да ги охрабриме дека […]

Нацев: ВМРО-ДПМНЕ не потклекнала и во многу потешки времиња

7 декември 2017

По десетти пат се собравме за да им кажеме на сите дека притворените се наши браќа, а не терористи чиј единствен грев е што си ја сакаат државата, рече Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот протест на партијата пред Кривичниот суд, поради притворањето на 36 лица осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, меѓу […]

Уапсени најмалку 17 принцови и функционери во Саудиска Арабија

5 ноември 2017

Новоформираната Антикорупциска комисија во Саудиска Арабија уапси најмалку 17 принцови и државни функционери, јавија светските медиуми. Според информациите, тие се притворени во луксузни хотели, а не во затвори. Меѓу уапсените е и принцот Алвалид бин Тала, милијардер што поседува 95 отсто од „Кингдом холдинг“, голема корпорација што има удели во глобални компании како „Твитер“, „Епл“, […]

Кампањата за локалните избори заврши, гласаат затворениците, болните и раселените

28 октомври 2017

За вториот круг на локалните избори, кој ќе се одржи утре, денеска, од 7 до 19 часот ќе гласаат избирачите кои се на издржување казна затвор или се во притвор. На гласачките места во 13 казнено-поправни установи, своето избирачко право ќе можат да го остварат 939 гласачи. Денеска, исто така, ќе гласаат и осум гласачи кои […]

Борисов предупреди дека е можен терористички напад по немирите во бегалскиот камп

25 ноември 2016

Состојбата во бегалскиот камп во Харманли на југот на Бугарија се нормализира по безредијата и немирите, кои избувнаа вчера и продолжија во текот на ноќта. Повеќе од 400 мигранти се задржани во притвор поради вандалско однесување, а во нередите се повредени 24 полицајци, од кои најтешко настраданиот има скршеница на раката. Од Министерството за внатрешни […]

Бугарската полиција притвори 200 мигранти по немири во бегалски камп

25 ноември 2016

Бугарската полиција притвори 200 мигранти по судирите во бегалски камп на југот на Бугарија, во кој биле повредени и 14 полицајци, соопштија бугарски официјални претставници. Според портпаролката на бугарската полиција, Нина Николова, во нередите учествувале околу 2.000 мигранти, кои скандирале, палеле гуми и фрлале камења кон полицијата. Тензиите, како што пренесуваат локалните медиумите, ескалирале вчера, […]

Осомничениот за терористичкиот напад во Ница имал петмина соучесници

21 јули 2016

Возачот на камионот кој усмрти 84 лица во терористичкиот напад во Ница, Мохамед Булел, имал логистичка поддршка од петмина соучесници, кои сега се наоѓаат во притвор, соопштил денеска на прес-конференција францускиот обвинител Франсоа Молин, пренесува „Би-би-си“. Обвинителот изјавил дека нападот бил планиран со месеци однапред, а еден од осомничените го снимал местото еден ден по […]

Обвиненија за 85 турски генерали по неуспешниот обид за државен удар

19 јули 2016

Турските правосудни власти поднеле обвиненија против 85 генерали и адмирали на војската, по неуспешниот обид за државен удар, додека неколку десетици сè уште се наоѓаат на распит, јавува турската државна агенција „Анадолија“. По неуспешниот обид за пуч на 15 јули, во кој загинаа околу 300 луѓе, притворени се вкупно 103 генерали на турската војска, против […]

По тортурите на ЦИА, мозокот на притворените веќе не е ист

23 декември 2014

Бруталните методи на испитување, кои ЦИА ги користела над осомничените за тероризам, можат да остават долгорочни психолошки последици, укажуваат научниците. Извештајот на Сенатот, објавен на почетокот од месецов, детално ги опишува контроверзните методи што испитувачите ги користеле за да ги направат притворениците пасивни и немоќни. Испитувачите користеле техники како држење во будна состојба и симулирано давење, за да ги доведат […]

Страна 1 од 1